Почина 72-годишен пешак во Скопје, во него удри мотоциклист

by irena 10:32
10:32

МВР информира дека вчера попладне околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Шар планина“ во Скопје мотоцикл „бмв“ со бугарски национални ознаки, управуван од М.О.(22) од Скопје, удрил во пешакот К.Г.(72) од Скопје.

Во несреќата на местото на настанот починал пешакот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител М.О. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести