557
Со три авиони се гаси пожарот што денеска изби во Националниот парк Пелистер над село Маловишта.
-Активен пожар има во Националниот парк „Пелистер“, кај место викано „Изворите“ на река Шемница над село Маловишта. Гори трева и нискостеблести растенија, но има опасност пожарот да се прошири во букова шума, објавија попладнево од Центарот за управување со кризи.
Пожарот има зафатено дел од планината на околу 1800 метри надморска височина. Засега е зафатена нискостеблеста шума и трева и во тој дел нема моликова шума.