Тргнуваме во следна фаза на животот, вели ќерката на Гејтс по разводот

by fokus

По веста за разводот на Мелинда и Бил Гејтс, се огласи и нивната најстара ќерка Џенифер (25). Таа на Инстаграм се заблагодари за сите пораки со поддршка и откри дека изминатиот период бил полн со предизвици за нивното семејство.

-Се учам да се носам со ситуацијата и моите емоции, како и емоциите на моето семејство. Во иднина нема ништо повеќе нема да коментирам на тема развод на моите родители, но ви се заблагодарувам на сите убави зборови и сакам да ви кажам дека вашата поддршка многу ми значи.
Ви благодарам што ја разбирате нашата потреба за приватност, додека тргнуваме во следната фаза на нашите животи – објави Џенифер.

Мелинда и Бил Гејтс имаат три деца, а веста дека по 27 години брак се разведуваат, вчера го обиколи светот. Милијардерите кои ја основаа фондацијата ,,Бил и Мелинда Гејтс” се познати по донираните милијарди долари во светот за подигнување на свеста за вакцинирање на деца, но и за разни кампањи за заразни болести.

Нивното богатство се проценува на околу 130 милијарди долари и Бил е на четврто места на листата на најбогати луѓе според ,,Форбс”.

Вики Клинчарова

Поврзани новости