Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на СЈО за определување мерка претпазливост за тројца осомничени од аферата „Трезор“.
„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) против решението на судија на претходна постапка од 04.11.2016 година за определување на мерки за претпазливост против три лица опфатени во предметот на СЈО во јавноста познат како „Трезор“ на одржана седница денеска донесе решение со кое решението на судијата на претходната постапка се потврдува и жалбата на СЈО за определување мерки на претпазливост за сите три лица се одбива како неоснована“, се вели во одлуката на Основен суд Скопје 1.
Во „Трезор“ се осомничени поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот началникот на петтата управа Горан Грујоски, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски и членот на Управен одбор на Телеком Небојша Стајковиќ .