Заев им порача на државните институции дека нема да толерира изборни злоупотреби

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, уверува дека од формирањето на Владата до денеска, но и во следниот период ќе нема притисоци, уцени и закани за изборни цели, ниту пак злоупотреби на државни пари за изборни цели. Според Заев, за одвојување на државата од политичките партии и за одржување фер, слободни и демократски избори, Владата досега ги презела сите мерки што можела да ги преземе и се во нејзина надлежност.

-Принципот на одвојување на државата од партијата е даден збор и заложба, како и определба и стратешка цел на новата Влада. Сериозниот пристап кон ова прашање Владата го покажа со внесување низа заштитни механизми во реформската рамка на Планот 3-6-9 -истакна денеска премиерот –  на конференцијата „Одвојување на државата од политучките партии“ во организација на граѓанската асоцијација МОСТ.

Заев најави дека ќе биде формирано координативно тело кое што ќе го контролира процесот на доследно почитување на забраните што произлегуваат од Изборниот законик во периодот од денот на распишување на изборите до нивно завршување. Апелираше и до раководните лица во државните и владините институции дека ќе има нула толеранција за евентуални изборни злоупотреби.

Според евроамбасадорот Самуел Жбогар, особено е важно да се применат сите ветувања и гаранции за нетолеранција на какви било злоупотреби во однос на изборите за сите изборни процеси.

– Примарно е политичките лидери, членовите на партуи и сите други учесници да ги спроведуваат кампањите без какво било заплашување, насилство и на начин кој нема да подгрева какви било етнички тензии. Сакаме да ги поттикнеме политичките лидери и нивните партии и релевантните чинители да го искористат изборниот проецс за да се потврди и покаже нивната посветеност на демкратските вредности и владеењето на правото – рече Жбогар.

Претседателот на МОСТ Дарко Алексов побара од новата Влада да го почитува принципот на одвојување на државата од партијата, за што како што рече, имало многу примери во минатото.

– Од денеска натака сакаме да видиме дека овој принцип може да се почитува и оти власта може да се практикува поинаку – рече Алексов.

Фото: МИА

Поврзани новости