Третина од тестираните за Ковид-19 во Црна Гора се позитивни

by fokus

Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 230 нови случаи на заразени со коронавирус, а две лица починаа. Анализирани се 664 примероци.

Во истиот период, евидентирано е оздравување на 157 пациенти.

Повеќето нови пациенти се од Подгорица (77) и Никшиќ (64).

Вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 од почетокот на јуни е 129, а 138 од почетокот на годината, објави Институтот за јавно здравје.

Од почетокот на годината, вкупниот број на регистрирани случаи на коронавирус е 8.842.

Поврзани новости