„Стоп за Русино“ и Таравари ќе одат на средба со министерот Нуредини

by fokus
Гостиварскиот градоначалник, Арбен Тараври попладнево се сретна со претставниците на граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух во Гостивар. Откако ги слушна нивните барања, Таравари нагласи дека и тој ги поддржува, прво како граѓанин на Гостивар, а потоа како градоначалник.
На нивното последно барање за средба со министерот за животна средина, Насер Нуредини, таткото на градот во телефонски разговор со министерот, закажа состанок за четврток со почеток во 9:30 часот во Скопје. Екоактивистите очекуваат од средбата со министерот Нуредини, на која ќе учествува и Таравари,  да се преземат активности за пронаоѓање на друга локација и конечно решение за „Русино“.
На крајот од состанокот, Таравари исто така вети дека утре ќе учествува на протестот на „Стоп Русино“ со почеток во 17 часот, бидејќи, како што рече, тој е против оваа депонија да остане во Гостивар. Истата поддршка ја доби иницијативата од претставници на политичките партии во Гостивар. Инаку, иницијативата од саботата минатата недела, го блокираше ЈП Комуналец да депонира смет во „Русино“.

Поврзани новости