555
Грција ќе им понуди на лекарите и на другиот медицински персонал трета доза од вакцината против Ковид-19, објави денеска Министерството за здравство.
Здравствените советници веќе препорачаа вакцинација за ранливите групи и за оние над 60 години, пишува „Ројтерс“.
Вакцинацијата не е задолжителна, рече Мариос Темистоклеус, генерален секретар задолжен за вакцинација против Ковид-19.