742
Според најновите информации од здравствените власти, во Крушево е забележан и третиот позитивен случај на корона вирус во Крушево во последните две седмици.
Како што не информираа од ЦЈЗ Прилеп, станува збор за две жени на 58 и 18-годишна возраст и маж на 35-годишна возраст. Никој од нив не се инфицирал во Крушево и заразата ја добиле од други градови.
Во моментов седум лица на територија на Општина Крушево се ставени во самоизолација, посочија од ЦЈЗ Прилеп. Оттаму додадоа дека во Крушево состојбата е стабилна и нема локална трансмисија на новиот опасен корона вирус.
Јорданчо Цветаноски