443
Во Демократска Република Конго денеска е регистриран нов, трет случај на ебола.
Светската здравствена организација соопшти дека кај седумгодишно девојче се појавиле симптоми на ебола, откако тоа посетило здравствен центар, исто како и двете други лица, кај кои претходно беше дијагностицирана болеста.
По повеќе од седум недели без нов случај на ебола, ДР Конго во недела требаше да прогласи крај на втората епидемија во земјата. Меѓутоа, во петокот беше потврден нов случај на ебола во источниот град Бени и сега сите опции остануваат отворени.