СЗО: Државите да не ги укинуваат прерано мерките за спречување Ковид 19

by Fokus 08:07
08:07

Светската здравствена организација (СЗО)  ги предупреди државите ширум светот да не ги укинуваат прерано мерките што се воведени заради спречување на ширењето на Ковид-19.

Директорот на СЗО, Тедрос Гебрејесус наведе неколку неопходни критериуми до кои земјите треба да се држат при разгледување на укинувањето на мерките на (физичка) социјална дистанца, пренесоа светските медиуми.

- Advertisements -

Првиот критериум е дека преносот на вирусот мора да биде под контрола, а вториот е дека треба да постојат капацитети на здравствениот систем за откривање, изолација и лекување на пациентите.

Третиот критериум е ризикот од зараза во болниците и старските домови да се сведе на минимум, а четвртиот дека превентивните мерки мораат да бидат во сила и во училиштата и на работните места, наведе Тедрос.

Тој истакна и дека ризикот од увоз на болеста од странство исто така треба да биде под контрола.

Поврзани новости