Во тетовскиот Основен суд, за денеска со почеток од 10 часот е закажано продолжение на судскиот процес со изнесување завршни зборови на Обвинителството и одбраната на обвинетите кои се товарат за неколку кривична дела поврзани со пожарот во модуларната болница, во септември 2021 година, кога загинаа 14 луѓе.
Денешниот ќе е трет обид да се дадат завршните зборови откако рочиштата на 25 април и на 10 мај беа одложени. Првото одложено судско рочиште беше поради отсуство на еден од обвинетите – Флорим Бесими, додека, пак, вториот пат процесот се одложи затоа што не беше дојден адвокатот на обвинетиот Артан Етеми.
Судија во овој процес е Јордан Велковски.
Доказната постапка во судскиот процес заврши со последните сведоци кои беа сослушани на 6 април.
Поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се товарат за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, а докторот Бобан Вучевски за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
Клиничката болница како правно лице се товари за две кривични дела – „предизвикување општа опасност“ и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.