614
Шефот на стручниот штаб Никола Глигоров поднесе оставка по поразот на вчерашниот натпревар со Гостивар и повеќе нема да го води клубот.
Ова денес го соопшти најтрофејниот македонски клуб и му се заблагодари на соработката на Глигоров.
-ФК Вардар му се заблагодарува за досегашната соработка и му посакува среќа и успех во понатамошниот тек на кариерата, се вели во соопштението.
Во рамките од 22 коло во Втората лига Запад, Вардар загуби на гостувањето кај Гостивар со 2:1, но мечот предизвика многу контроверзии.
По анализата направена од судиската организација на ФФМ биле утврдени неколку грешки на судиите, кои се суспендирани.