Тренчевска: СОНК треба да им исплати плата на оние кои штрајкуваат

by fokus

Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика во денешното гостување во „Утрински брифинг“ рече дека правото за штрајк е регулирано со Закон за работни односи и колективните договори за детска заштита и образование. Тие се децидни дека работодавачот ги исплаќа придонесите, но нето платата на секој вработен треба да ја исплати СОНК.  Не дека не сака, државата нема основ како да ја исплати плата, вели Тренчевска.

-Член 240 го дава правото на штрајк, а член 241 се однесува на тоа дека синдикатот треба да исплати плата. Ова е штрајк за барање унапредување на работничките права. Со одлуката за штрајк СОНК се повикува на усогласувањето со минималната плата, а законот за минимална плата има рок од шест месеци за усогласување, вели Тренчевска.

Таа додава дека од вработените во градинките се барало да се води евиденција кој штрајкува за работодавачот т.е. државата да може да им исплати плата на оние кои редовно оделе на работа, а другите треба да ја побараат платата од СОНК.

Поврзани новости