Верешчук: Трет ден без хуманитарни коридори

by fokus

Вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук на својот канал на Телеграм објави дека денеска, трет ден по ред, повторно нема да се воспостават хуманитарни коридори.

„За жал, денеска, 19 април, нема хуманитарни коридори. Продолжува интензивното гранатирање во Донбас“, објави таа.

Верешчук посочи дека според информации од Мариупол, Русите одбиваат да обезбедат коридор за цивили во правец на Бердјанск.

– Продолжуваме со тешки преговори за отворање на хуманитарни коридори во регионите Херсон и Харков, прецизираше верешчук.

Поврзани новости