Тренчевска: Со домаќинско работење градинките ќе имаат пари да ја менаџираат зимската сезона

by Fokus

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Штип изјави дека доколку градинките работат домаќински, ќе имаат средства добро да ја менаџираат зимската сезона.

– Градинките плаќаат електрична енергија како домаќинствата, значи не плаќаат индустриска струја. Обврска на МТСП е да обезбедува блок дотации за платите на сите вработени во градинките и дел за материјалните трошоци, а за останатото, обврските се на основачот, значи на Општината. Општината е таа која треба да се грижи за трошоците, а дополнително градинката има и сопствена сметка од средствата што ги уплатуваат родителите на децата во градинката, така што со домаќинско работење мислам дека ќе имаат пари за да изменаџираат добро во текот на зимската сезона, нагласи Тренчевска, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали се подготвени градинките за претстојната зимска сезона со оглед на состојбата со енергетската криза.

Поврзани новости