Петровска и испрати букет на Сузана Спасовска: Се воодушевувам од вашиот бисерен глас!

by Fokus

Почитувана госпоѓа Сузана Спасовска, ви честитам на преубавата изведба и се воодушевувам на вашиот бисерен глас. Вчерашниот концерт беше маестрален! Со огромна почит и восхит, Славјанка Петровска.

Вака гласи рачно испишаната порака која министерката за одбрана Славјанка Петровска и ја испратила на фолк пејачката Сузана Спасовска, заедно со голем букет свежо цвеќе.

Утринава кога Сузана дошла на работа, се изненадила од гестот на министерката, за која вели дека дури и не ја познава лично.

-Цвеќе со посвета, рачно напишана од функционер, кој присуствувал на концертот во чест на нашата легенда Александар Сариевски, не само да ја исполни обврската, туку и внимателно да го проследи и ужива во македонските песни. Ви благодарам, почитувана г-ѓа Петровска. И во овие тешки времиња на меѓусебни поделби и раздори најважно е да си човек- објави Спасовска.

Таа е дел од Танец, а во МОБ се одржа концерт во чест на Александар Сариевски, на кој покрај Сузана се појавија и Наум Петрески, Благоја Грујовски, Влатко Стефановски и други.

На сцената е присутна уште од осумдесеттите години и зад себе има десетици албуми и концерти во земјава и странство. Ја нарекуваат Сузе Национале, епитет за кој често знае да каже дека со гордост го носи.

Вики Клинчарова

Поврзани новости