Трчаме заедно со новиот клуб „Skopje City Running Club“

by Fokus

Колку пати сте си рекле: „Ќепочнам да трчам следната недела“? Колку пати сте сакале да истраете во таа одлука, а потоа поради некоја причина сте ја изгубиле мотивацијата и не сте го направиле ниту првиот чекор?

Сигурно имате приоритет ни задачи, токму затоа Skopje City Mall реши да создаде бесплатна уникатна програма за рекреативци и идни љубители на трчањето со цел да им даде дополнителна инспирација и причина конечно да истраат во својата одлука.

„Skopje City Running Club“ е бесплатна програма за трчање која е наменета за почетници во трчање, кои се уште не ја пробале оваа рекреативно-атлетска дисциплина, но и за напредни трчачи кои практикуваат некои од рекреативните спортови или имаат трки со трчање од 5, 10 километри, дури и полумаратон, но со свое темпо. „Skopje City Running Club“ е тука да од нивна прави активни трчачи!

Тренингот ќе се одржува секоја сабота воразлично време, а собирот е наплатото пред Скопје Сити Мол. Првиоттренинг е во сабота 01.04. со почетокво 10:00 часот.

Оваа уникатна програма затрчање „Skopje City Running Club“  ќе ја води нашиот славен спортист Кокан Ајановски, учесник на многу натпревари и маратони во Македонија и во странство кој е и креатор на оваа програма за трчање и кој директно ќе ги менторира и води сите учесници во нивниот развој.

Во ова тој ќе има поддршка од професионални тренери со повеќегодишно искуство во работа со спортски клубови.

Но, тоа не е сè штоја прави оваа програма уникатна! Совклучување во програмата за трчање „Skopje City Running Club“, учесниците автоматски стануваат членови на клубот за лојалност „Skopje City Mall Runners“, што ќе им овозможи да добијат дополнителни попусти при купување во трговскиотцентар, на асортиман на спортска опрема и додатоци. Исто така, за првите 50 пријавени учесници Skopje City Mall подготви специјални спортски маици и шишиња со вода, со цел да им ги олесни подготовките за тренинзи на стартот.

ЗА ПРОГРАМАТА
Програмата за трчање „Skopje City Running Club“ е групна програма за вежбање на отворено, достапна за сите од 16 до 65 години. ( за малолетни потребно е согласност од родител ). Обуките се одржуваат во време траењеод 45 до 90 минути, во зависност од категоријата и подефинирана рута од Skopje City Mall до одредена точка и назад до Skopje City Mall. Самиот тренинг започнува со загревањена платото пред Skopje City Mall, пошто се започнува со трчање, а завршува со истегнување на почетната локација.

На  овој начин учесниците добиваат сеопфатна програма преку која ќе развијат здрави навики кои ќе им помогнат да јазајакнат и подобрат својата физичка форма и здравје воопшто, а исто така одлично ќе се забавуваат во друштво на луѓе со слични интереси.

За учество во програмата „Skopje City Running Club“ може да се пријавите на инфо пулт и на лицеместо пред тренингот.

КоканАјановски (1982) е основач на клубот AKKA Run Club, инструктор маратонец, повеќе од 20 пати државен првак на Македонија во повеќе атлетски дисциплини (полумаратон, 10 000 м, 5 000 м, планинско и крос-кантри трчање). Има повеке од 30 настапи за атлетската репрезентација на Македонија.

Најзначајните национални успеси има остварено на балканските првенства (бронзен медал поединечно во маратон и бронзен медал екипно во крос-кантри натпреварување), а има учествувано и на многу меѓународни натпреварувања (европски олимписки игри, светско првенство во полумаратон, европски првенства во крос-кантри, светски и европски првенства во планинско трчање).

 

Поврзани новости