Се уште не е извлечено телото од бездната во Неготинско!

by Fokus

Веќе три дена не може да се извлече човечкиот труп, кој беше забележан од случаен минувач во близина на Неготино, во бездна кај местото викано Просек.

Од СВР Велес за „Фокус” потврдуваат дека се повикани стручни екипи од Скопје, да помогнат да се дојде до телото, но акцијата била доста тешка, бидејќи станувало збор за длабока бездна.

Нема податоци околу тоа дали станува збор за тело на жена или маж, ниту пак колку долго се наоѓало во бездната.

Во меѓувреме, повеќе семејства на лица од земјава кои се водат за исчезнати бараат податоци за откриениот труп.

Во исчекување се на повеќе информации, и во редакцијата на „Фокус” по објавата на веста стигнаа повици од загрижени роднини. Прашуваат во каква облека е починатото лице, бараат било каков конкретен податок за физиономијата.

Од СВР Велес појаснуваат дека се работи на случајот, и по завршувањето на сите законски процедури, откако ќе се дојде до телото, ќе се утврдува идентитетот на лицето.

Поврзани новости