519
Планинарското друштво „Трансверзалец“ најавува прес конференција до крајот на неделава во врска со немилиот настан каде загинаа двајца млади луѓе, членови на друштвото, искачувајќи го Кајмакчалан. „Трансверзалец“ ќе се обрати пред јавноста заедно со Планинарскиот сојуз на Македонија, а до тогаш не сакаат да ја коментираат трагедијата.
Во меѓу време јавноста бара одговорност за згаснувањето на два млади животи. Се побројни се коментарите дека луѓето не смеат да бидат пуштани на своја одговорност, а се бара и воведување на построги услови при организирање на планинарските тури.