За повторно да завладее правото во Македонија и за да може да се одржат слободни и фер избори, ние сме цврсто уверени дека претседателот треба да даде оставка и дека изборите треба да се одложат сè додека не се потврди дека Избирачкиот список е пречистен. Македонија се соочува со корупциска криза на високо ниво, истакна Хозе Угаз, претседател на Транспаренси Интернешнл
Во извештаите на ТИ се наведува дека во времето кога Груевски беше премиер, тој наводно и наредил на тајната служба, раководена од неговиот братучед, да ги прислушува телефоните на повеќе од 20.000 луѓе. Снимените материјали што излегоа во јавноста покажуваат дека членовите на Владата на Груевски наводно биле вмешани во изборни измами, корупција и прикривање на деталите за контроверзни смртни случаи. Македонците излегуваат на улица во протест против очигледниот потег на претседателот да ги амнестира поранешниот претседател на Владата, Никола Груевски, и останатите членови на Владата кои се вмешани во таканаречениот скандал со прислушувањето.
– Ги поддржуваме луѓето што протестираат на улиците. На сите ни е преку глава од корупцијата во Македонија. Оние што се прогласени за виновни за корупција мора да одговараат за тоа, наместо да бидат амнестирани уште пред да започне истрагата од страна на судовите – изјави Слаѓана Тасева, претседателката на ТИ Македонија.