Штрајк во „Актор“ поради неисплатени плати

by Фокус

Вработените во „Актор“ утре најавуваат дека ќе почнат штрајк поради тоа што од Нова Година не добиваат плата, информираа дел од нив. Тие сметаат дека пари имало, ама се украдени.

Грчката фирма „Актор“ стана позната откако опозицискиот СДСМ ја обелодени аферата дека македонски функционери се инволвирани во нечесни работи за добивањето на тендерот и изнесување пари во кеш преку македонската граница, односно перење пари и местење на тендерот. Според нивните информации, вработени од грчката фирма „Актор“, но и нивни познаници кои ја поминуваат организирано границата, од филијала на Стопанска банка во Неготино во кеш испумпале повеќе од три милиони евра.

Грчката фирма ја изведува делницата Демир Капија – Смоквица

 

Поврзани новости