Разговор меѓу Никола Груевски и Миле Јанакиески:
МЈ: Молам.
НГ: Миле, ќе поднесуваме ли приговори?
МЈ: Има сегде поднесено приговор.
НГ: Ама, има ли основани?
МЈ: Ова што СДСM му ги земаше личниве карти, што му ги читаше имињата, надвор гужви што правеа.
НГ: Мхм.
МЈ: Што не е вака.
НГ: И Нано Ружин.
МЈ: Да. И Нано Ружин и Шекеринска дел го правеше тоа, стопираше…
НГ: Добро.
МЈ: Поднесени се. Се слушнав со сите, да поднесуваат. И Нино и јас, се слушнав…
НГ: Како?
МЈ: И Нино и јас, се слушнав, да поднесуваат.
НГ: Да, да. И ја му реков на Нино да поднесуваме, ако не за друго, барем да купиме денови, знаеш. За да си завршиме тука работи што имаме во Центар.
МЈ: Да, добро.
НГ: Тоа е сеа. Направивме сé што можевме.
МЈ: И малку повеќе од тоа.
НГ: Малку повеќе од тоа, да. Убаво кажа.
МЈ: Треба да седниме и да сумираме, тоа е сеа.
НГ: Владо више свесен е дека губи?
МЈ: Во војна има и губитници и победници. А?
НГ: А?
МЈ: Тоа е во војна, некој мора да изгуби, некој да победи, тоа е.
НГ: Владо свесен е дека губи?
МЈ: Па сега се спремаше изјава да даде дека изгуби, ја му реков да не дава изјава, му викам, чекај, од кај знаеш, спремен си е човекот.
НГ: Нема потреба, никој од СДС не даде изјава. Кој дава дека изгубил? Будала. Кажи, еве ти си од СДС, искочи . Утре ќе дадеш, задутре, чекај.
МЈ: Му реков да не даде. Ок
НГ: Стегнете го таму, да не направи таква глупост, оти тогаш…… не ни држи збор.
МЈ: Да, да, му реков, му реков.
НГ: Ок.
МЈ: Ајде, чао.
НГ: Ајде.