Трамп за укинувањето на абортусот: Бог ја донесе одлуката

by fokus

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Фокс њуз ја коментираше одлуката на Врховниот суд со која беше поништена 50-годишната пресуда со која се легализираше абортусот во целата земја. По повод таа одлука, која предизвика бура и во американската и во светската јавност, пред граѓаните ќе се обрати претседателот Џо Бајден.

-Господ ја донесе одлуката, рече Трамп, кој за време на неговиот мандат назначи тројца конзервативни судии во Врховниот суд.

-Ова е почитување на Уставот и враќање на правата што требаше одамна да бидат дадени, рече тој.

Врховниот суд на САД го укина федералното уставно право на абортус. Во иднина, секоја држава поединечно ќе одлучува за законитоста на абортусот. Речиси половина од државите веќе усвоија или ќе донесат закони за забрана на абортусот, додека други донесоа строги мерки со кои се регулира процедурата.

Севкупно, пристапот до абортус се очекува да биде прекинат за околу 36 милиони жени на репродуктивна возраст, според истражувањето на Planned Parenthead, здравствена организација која обезбедува услуги за абортус.

Поврзани новости