Трамп: За три до четири недели ќе имаме вакцина против Ковид-19

by Fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп нагласи дека вакцина против смртоносниот коронавирус може да биде достапна за 3-4 недели.

– Многу сме близу до тоа да се здобиеме со вакцина. Ако сакате да ја знаете вистината, на претходната влада ќе и требаа можеби години да пронајде вакцина поради Администрацијата за храна и лекови и сите одобренија. А, ние сме само неколку недели од тоа да се здобиеме, можеби три недели, четири недели, изјави претседателот на САД.

- Advertisements -

Тој се осврна на прогнози дадени на почетокот на овој месец од страна на американските здравствени власти и фармацевтската компанија Пфајзер.

Поврзани новости