349
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на својот Твитер профил напиша дека кон терористите треба да се однесува „решително и силно”.
– Уште еден терористички напад во Лондон … Тие животни се луди и кон нив мора да се однесуваме решително и силно, напиша Трамп.
Маж, кој удри со автомобил во безбедносната ограда на британскиот Парламент, беше уапсен како осомничен за тероризам, а инцидентот, во кој две лица беа повредени, се смета за терористички чин, сопшти британската полиција.