Трамп: Со Путин најверојатно ќе се сретнам во Хелсинки

by fokus

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека средбата со рускиот колега Владимир Путин најверојатно ќе се одржи во главниот град на Финска, Хелсинки.

Тој додаде дека средбата ќе биде по Самитот на НАТО во Брисел, што ќе се одржи на 11 и 12 јули.

Трамп посочи дека со Путин ќе разговараат за војната во Сирија и ситуацијата во Украина.

Претходно, советникот на Белата куќа за национална безбедност Џон Болтон изјави дека Трамп и Путин планираната средба ја оценија како можност за подобрување на билатералните односи.

И Кремљ соопшти дека е постигнат договор за средба на Путин со Трамп.

– Москва и Вашингтон постигнаа договор за одржување на средба помеѓу Владимир Путин и Доналд Трамп, изјави помошникот на рускиот претседател Јуруиј Ушков.

Поврзани новости