Богоевски: Референдумот треба да биде облигаторен за да ги затвориме сите дилеми

by fokus

Мое мислење е дека овој референдум треба да биде облигаторен, еднаш засекогаш да ги затвориме сите можни дилеми, рече пратеникот Павле Богоевски во вечерашното гостување на Канал 5.

Тој го повика водството на ВМРО-ДПМНЕ да не го бојкотира референдумот, туку да повика на излезност за тој да успее, без разлика дали ќе лобира да се гласа „да“ или не“.

-Наши најголеми бранители, поддржувачи, во текот на вчерашниот самит беа токму државите со којшто имавме најмногу недоразбирања – Грција и Бугарија, вели Богоевски.

Поврзани новости