449
Американскиот претседател денеска потпиша указ со кој стави крај на практиката на разделување на деца-мигранти од нивните родители, кои нелегално влегле во САД.
– Не ми се допаѓа да гледам како се разделуваат семејствата, рече Трамп на церемонијата на потпишувањето на нормативниот акт. Во исто време, тој истакна дека здравата стража на јужната граница на САД со Мексико останува приоритет за него.
Американски медиуми коментираат дека указот на Трамп е спектакуларен пресврт, кој става крај на една практика, која доби бројни критики.
Претходно извор од владата најави дека Трамп ќе потпише нормативен акт уште денеска.