563
Откако германската канцеларка Ангела Меркел најави дека учествува на Г7 самитот во Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го одложи состанокот планиран за следниот месец. Притоа, тој нагласи дека сака да го прошири со други држави со образложение дека сегашниот облик е многу застарен.
-Не чувствувам дека Г7 правилно го претставува она што се случува во светот. Тоа е многу застарена група на земји – рече Трамп и ги покани Русија, Јужна Кореја, Австралија и Индија да учествуваат во проширениот самит.
Тој посочи дека се уште не поставил нов датум за состанокот, но смета дека тоа би можело да се одржи во септември.