СДСМ: Изборите се решение за деструктивноста на Мицкоски и Чулев

by Фокус
Полицијата не ги казнува лицата кои не почитуваат самоизолација, не ги казни оние од литијата во Струга, навивачите пред црквата Свети Спас, учесниците во орото во Чаир, граѓание кои не носат маски и не почитуваат дистанца, реагира СДСМ.
„Затоа изборите се решение, а не проблем. Тие се решение за незрелото и несериозно однесување на Христијан Мицкоски и Наќе Чулев и сите кадри на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада. Избори се потребни за функционални институции кои ефикасно ќе се справат со сите последици од коронавирусот и подготвени ќе го дочекаат новиот бран на пандемијата најавен за наесен“, стои во партиското соопштение.
Од таму велат дека ВМРО-ДПМНЕ е незрела и неодговорна партија, а Христијан Мицкоски и Наќе Чулев се однесуваат деструктивно во текот на целата пандемија.

Поврзани новости