Предлог-буџетот на Белата куќа за 2018 година, испратен до Конгресот предвидува укинување на сервисот „Гласот на Америка на македонски јазик“ и намалување на буџетот на „Радио Слободна Европа“ на македонски јазик, пренесе Макфакс.
Ова е единствено укинување и редукција на средства од сите сервиси во регионот. Нема никакви укинувања на сервисите на српски, албански јазик, во Босна, итн. Македонскиот е единствениот јазичен сервис, за кој се бара укинување или редукции и во двата сервиси.
Во објаснувањето во документот на предлог- буџетот пишува дека емитувањето на „Гласот на Америка“ ќе се намали во Авганистан, Индонезија, Руанда и Бурунди, а се предвидува „елиминирање на програмите за Македонија“. Се предложува и потенцијално спојување на програмите во Латинска Америка и Куба.
Буџетот на „Радио Слободна Европа“ (РСЕ) на македонски пак треба да се намали за 200.000 евра.