Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп синоќа на судењето во Њујорк повторно ги негираше обвинувањата на колумнистката Џин Керол, која од него бара отштета од 10 милиони долари за клевета и сексуална злоупотреба, пишува Гардијан.
Трамп помина четири минути на говорницата на сведоци, откако адвокатите на Џин Керол ја претставија својата верзија за случајот. Судијата го одби предлогот на поранешниот американски претседател за отфрлање на тужбата.
Трамп рече дека „100 отсто“ останува на својата претходна изјава, во која тој тврдеше дека не е виновен за ниту едно од обвиненијата против него.
На прашањето дали рекол дека неговите изјави ја повредиле Џин Керол, Трамп одговорил: „Не, само сакав да се бранам себеси, моето семејство и, искрено, претседателството“.
Керол, поранешна колумнистка за магазинот Elle, бара најмалку 10 милиони долари поради негирањето на Трамп дека ја силувал во средината на 1990-тите во стоковната куќа Бергдорф Гудман во Менхетен.
Во одвоено судење минатата година, поротата откри дека Трамп сексуално ја нападнал Керол и ја клеветел во изјави кои датираат од 2022 година.
Судењето продолжува во наредните недели, а прашање е само колкава отштета Трамп ќе треба да ѝ плати на Керол.