Трамп побара од Помпеo да го одложи патувањето во Северна Кореја

by fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од државниот секретар Мајк Помпео да го одложи патувањето во Северна Кореја, бидејќи, според него, денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров оди бавно.

„Побарав од државниот секретар Мајк Помпео да не оди сега во Северна Кореја, бидејќи чувствувам дека нема доволно напредок кога станува збор за денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров“, напиша Трамп на Твитер.

Помпео вчера назначи свој специјален советник за Северна Кореја и соопшти дека следната недела заедно ќе го посетат Пјонгјанг.

Поврзани новости