435
Американскиот претседател Доналд Трамп се опиша себе си како „многу стабилен гениј“ по објавувањето на контроверзната книга „Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“.
– Всушност целиот мој живот, најдобрите особини кои ги имав се менталната стабилност и тоа што сум многу паметен. Почнав од многу успешен бизнисмен, преку телевизиска ѕвезда и до претседател на САД (од прв обид). Мислам дека тоа ме опишува не како паметен, туку како гениј… и тоа многу стабилен гениј!, напиша Трамп на Твитер.
Контроверзната книга на авторот Мајкл Волф веќе стана бестселер, иако е објавена вчера, а во неа Трамп е опишан како лажливец и неподготвен за победа на изборите во 2016 година.