Во Солун ќе се протестира против употребата на терминот Македонија

by fokus

На 21 јануари во Солун ќе биде одржан протест организиран од грчките здруженија кои собираат потписи против терминот Македонија да биде вклучен во името на нашата земја, јавуваат грчките медиуми.

Протестот е дел од кампањата под името „Македонија значи Грција“, под која се собираат потписи за резолуција што ќе биде доставена до грчкиот премиер, Алексис Ципрас. Во резолуцијата потписниците бараат терминот Македонија да не се користи во името на нашата земја и доколку е потребно да се распише референдум.

Според грчките медиуми два дена од форирање на петицијата, биле собрани 130.000 потписи.

„Се забележува голема раздвиженост во прашањето за името за државата на Скопје. Како што изјави министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, ќе се обиде да постигне конечно решение во прашањето за името во следните месеци. Во овој временски период, треба сите Грци да го изразиме нашето мислење за ова сериозно национално прашање и да и го дадеме како дополнително дипломатско оружје на грчката влада, нашиот кристализиран став, да не се користи терминот Македонија во конечното име на Скопје“, пишува во повикот.

Зад организација на овие активности стои „Грчката федерација на културни здруженија на Македонците“, заедно со грчки здруженија и организации од дијаспората.

Поврзани новости