Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека неговиот адвокатски тим подготвува голема тужба која наводно ќе раскрие детали за изборниот фалсификат.
-Нашата голема судска тужба која детално ја опишува измамата со гласачките ливчиња и многу друго, ќе биде наскоро поднесена. Лажирани избори, напиша тој денеска на Твитер.
Во истиот твит тој искоментира анкета на Брејтбарт, според која 79 отсто од неговите поддржувачи сметаат дека „изборите биле украдени.
-Тие се 100 отсто во право, и се бориме многу силно, наведе Трамп
Сите негови тврдења за наводна изборна измама социјалната мрежа Твитер ги означува како спорни.
И покрај тоа што Администрацијата на Трамп синоќа и формално го одобри предавањето на власта на новоизбраниот претседател, демократот Џо Бајден, од главните медиуми прогласен за очигледен победник на претседателските изборите во САД, Трамп не се откажува од намерата да го оспорува резултатот, служејќи се со политички изјава или преку адвокати на суд.