Американскиот претседател Доналд Тармп денеска во првата изјава по немирите минатата недела не изрази жалење за упадот во Конгресот.
-Ако го прочитате мојот говор, а многу луѓе тоа го сторија, и јас повторно го прочитав во весниците и на телевизија, и говорот е анализиран, луѓето мислат дека беше целосно исправен – изјави Трамп денеска во воената база „Ендрјуз“ во Мериленд, пред неговото патување за Тексас.
Тој говореше за неговото спонтано обраќање до поддржувачите минатата недела, во коe повика да „се борат посилно“ против „лошите луѓе“, повикувајќи ги да маршираат пред Капитолот на САД. Тоа, според демократите, беше увертира во насилството, поради што, според нив, Трамп треба предвремено да се отповика.
-Ако Ненси Пелоси и Чак Шумер продолжат по овој пат, мислам дека тоа ќе предизика огромна опасност за нашата земја и предизвикува огромен гнев. Но, не сакам насилство – истакна Трамп.