Трамп: Медиумите се непријател на народот, ЕУ е непријател на САД

by fokus

Претседателот на САД Доналд Трамп отпатува од Велика Британија за Хелсинки, каде што треба да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин. Тој на неговиот налог на Твитер упати твит за медиумите, кои, како што рече се „непријател на народот”.

– На пат за Хелсинки, Финска – со нетрпение ја очекувам утрешната средба со претседателот Путин, напиша Трамп по полетувањето од аеродромот во Глазгов-Прествик.

-За жал, колку и добро да се справам на средбата, дури и ако ми го дадат големиот град Москва, како одмазда за Русија поради сите нејзини гревови и зла, сепак, би ме пречекале со критики дека тоа не било доволно – дека сум требал да го земам Санкт Петербург наместо тоа (Москва). Голем дел од медиумите се всушност непријател на народот, а демократите знаат само да се противат и да пречат. Затоа има толку многу омраза и несогласувања во нашата земја – но во еден момент таа ќе се излекува, напиша Трамп.

Во интервјуто за Си-Би-Ес, направено во Шкотска, Трамп, пак, рече дека смета оти САД имаат „многу непријатели”, меѓу кои и блокот европски држави „кои се меѓу најблиските сојузници на САД”.

– Мислам дека Европската унија е непријател, она што ни го прави во трговијата. Вие не би помислиле на Европската унија, но таа е непријател, рече Трамп.

Тој додаде дека Русија е непријател на САД „во одредени аспекти”, а Кина е „економски” непријател. Сепак, вели Трамп, тоа не значи оти Кинезите се лоши.

– Тоа не значи ништо. Тоа значи дека тие се натпреварувачки дух, рече Трамп.

Американскиот претседател утре ќе се состане во Хелсинки со рускиот претседател Владимир Путин.

 

Поврзани новости