Трамп кон Иванов: Македонија има многу причини оваа година да биде горда, САД ја поддржува вашата држава

by fokus

Договорот од Преспа го отвора патот на Македонија до членството во НАТО и ЕУ, му порача американскиот претседател Доналд Трамп во писмо до својот македонски колега Ѓорѓе Иванов, по повод Денот на независноста-8 Септември.

– Македонија има многу причини годинава да биде горда. Историскиот Договор од Преспа го решава долгогодишниот спор за името со Грција и го отвара патот на Македонија за членство во НАТО и во ЕУ. Договорот и членството на Македонија во НАТО ќе ги зајакнат безбедноста, стабилноста и просперитетот во целиот регион. САД се подготвени да ја поддржат Македонија, особно во претстојните разговори за Вашето членство во НАТО. Им посакувам се најдобро на македонските граѓани на овој посебен ден, напиша Трамп во честитката, објавена вчера од Американската амбасада во Скопје.

Поврзани новости