774
Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека следната недела ќе номинира жена што ќе ја наследи починатата судијка Рут Бејдер Гинсбург во Врховниот суд на САД.
– Името на кандидатот ќе го објавам следната недела. Тоа ќе биде жена. Мислам дека би требало да биде жена, затоа што жените многу повеќе ми се допаѓаат од мажите, рече Трамп на предизборен митинг во Северна Каролина.
Американскиот претседател го повика Сенатот, во кој републиканците имаат мнозинство, без одлагање да го разгледаат неговиот кандидат за судија на Врховниот суд, со цел да се пополни местото што остана празно по смртта на легендарната судијка.