320
Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис одобри да се испрати војска на границата помеѓу САД и Мексико, како поддршка на намерите на претседателот Доналд Трамп да спречи влез на илегални имигранти од Централна Америка.
Според неименувани извори, во одобрението на Матис не е наведен точниот број на војници кои ќе бидат испратени на границата. Тоа подоцна ќе се утврдува.
Администрацијата на Трамп размислува на граница да испрати од 800 до илјада војници, кои ќе бидат логистика на граничната патрола. Не е предвидено испражање на борбени сили.