Трамп го загуби судскиот спор во Мичиген, Бајден ја зголеми предноста во Невада

by Фокус

Изборниот штаб на републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп, го загуби спорот пред судот во Мичиген. Изборниот штаб на Трамп бараше да се запре преборјувањето на гласовите во оваа американска сојузна  држава, меѓутоа државниот судија на Мичиген ја отфрли жалбата, бидејќи немало докази.

Во меѓувреме, Демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден ја зголеми предноста во уште една од клучните држави за конечниот исход – Невада, каде сега води со околу 3.500 гласови.

Инаку, Невада носи шест изборни гласа, а Бајден сега има 264, додека Трамп има 214 гласа. Победник на изборите ќе биде кандидатот кој прв ќе добие 270 изборни гласови.

Поврзани новости