Трамп го нападна Бајден:„Неговото обраќање до Конгресот е срам за Америка, најлут и најмалку сочувствителен говор“

by Fokus

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќешното обраќање на претседателот Џозеф Бајден пред Конгресот го нарече „срам за Америка“ и оцени дека неговиот говор е „гневен“ и „поларизирачки“.

– Тоа беше можеби најлутиот, најмалку сочувствителниот, најлошиот говор на претседателот во Конгресот. Тоа беше срам за нашата земја – изјави Трамп на социјалната мрежа Social Truth.

Тој истакна дека говорот на Бајден бил исполнет со омраза, пишува „Њузвик“.

– Бајден речиси не го спомна прашањето за мигрантите, или прашањето за најлошата граница во историјата на светот. Никогаш нема да го реши проблемот со илегалната миграција, ниту сака. Тој сака нашата земја да биде преплавена со мигранти. Криминалните дејствија ќе се искачат на невидени нивоа, а тоа ќе се случи наскоро – рече Трамп.

Бајден се обрати во Конгресот во четвртокот вечерта, каде зборуваше за голем број актуелни теми, како во САД, така и во светот.

Поврзани новости