Трамп до приврзаниците на митинг во Вашингтон: Никогаш нема да се предадеме

by Fokus

Никогаш нема да се предадеме. Никогаш нема да признаеме, нагласи американскиот претседател Доналд Трамп во обраќање во Вашингтон пред негови поддржувачи.

Илјадници приврзаници на Трамп се собраа на Вашингтон пред седницата на двата дома на Конгресот каде треба да се верификуваат резултатите од изборите за претседател одржани во декември.

Дел од нив се судрија со полицијата во текот на ноќта.

Претседателот Трамп на митингот пред неговите приврзаници пред Белата куќа рече дека никогаш нема да признае дека загубил на изборите, во момент кога Конгресот се подготвува да ја потврди победата на Џо Бајден.

– Никогаш нема да се предадеме. Никогаш нема да признаеме.  Ќе ја запреме кражбата, рече Трамп пред навивачката толпа.

 

Поврзани новости