797
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп најновото обраќање повтори дека не стои зад нападот врз Конгресот минатата недела и воедно ги повика Американците да ги смират страстите во време кога Претставничкиот дом расправа за негово отповикување.
-Во светло на извештаите за нови демонстрации, ве молам, не вршете никакво насилство, какво било кршење на законот или вандализам од каков било вид. Тоа е нешто за што никогаш не сум се залагал, ниту Америка. Ги повикувам сите Американци да помогнат во смирување на страстите и тензиите – рече Трамп.
Тој исто така ги повика Фејсбук и Твитер да помогнат во, како што рече, мирната транзиција на власта следната недела.