(ВИДЕО) Бензема за предизвикот Ал-Итихад: Jас сум муслиман, ова е муслиманска земја, oтсекогаш сум сакал да живеам овде!

by Fokus

Францускиот фудбалски ас Карим Бензема беше претставен како нов играч на Ал-Итихад и во интервју објасни зошто го избрал токму овој клуб и Саудиска Арабија.

„Среќен сум што се приклучувам на овој легендарен клуб. Ова е нов предизвик за мене, нов живот и едвај чекам да започнам“, изјави Бензема.

На праша зошто го избра Ал-Итихад, тој вели „Затоа што е еден од најголемите клубови во земјата, со страсни навивачи и многу трофеи“.

На прашање зошто токму Саудиска Арабија, Бензема вели: „Затоа што јас сум муслиман, а ова е муслиманска земја. Отсекогаш сум сакал да живеам овде. Има луѓе како мене, би сакал да зборувам арапски што повеќе. Во близина е и Мека, што ми е важно како верник. И семејството е среќно со оваа одлука, ќе дојдат со мене“.

Покрај Роналдо и Бензема, наскоро во Саудиска Арабија се очекува да пристигнат уште неколку фудбалски ѕвезди, па арапскиот фудбал со сигурност ќе стане уште попревлечен.

Поврзани новости