Екс претседателот на САД, Доналд Трамп го обвини актуелниот шеф на државата, Џозеф Бајден, дека со својата надворешна политика довел до формирање сојуз меѓу Русија и Кина.
„Администрацијата на Бајден ја турна Русија право во рацете на Кина. Ова е неприфатливо. Кога детето учи историја, разбира дека никогаш не сакате Русија и Кина да се здружат и да создадат сојуз“, рече Трамп на собирот на неговите поддржувачи во Ајова.
Тој не прецизираше каде конкретно погрешил Бајден, но претходно изјави дека нема да дозволи конфликт во Украина, кој според него се заканува да се претвори во Трета светска војна.
„Бајден го направи токму тоа. Сега имаат голем убав сојуз. Тие ја турнаа Москва право во рацете на Пекинг. За Кина, тоа беше како да земаш бонбони од дете. Беше многу едноставно“ – заклучи Трамп.
Трамп планира повторно да се кандидира за претседател на САД во 2024 година.