По протестите и барањата на пациентите со цистична фиброза државата да им го набави лекот „трикафта“, министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека за набавката на лекови за ретки болести мора да се најде трајно решение.
-Мора да се фокусираме да надминеме секакви евентуални бирократски или други препреки за да се најде трајно решение за набавка на лекови за луѓето со ретки заболувања – рече Бесими на Сител.
Улогата на Министерството, потенцира тој, е во текот на креирањето на Буџетот да се каже рамката – колку пари има на располагање, колку ќе бидат приходите и како ќе се распределат.
-Проблемот со набавката на лекови за ретки болести е од поодамна. За последниот случај имаше заклучок на Владата, имаше состаноци за да се реши проблемот, се најде решение, се донесе одлука на Владата дека ќе се излезе во пресрет и вчера се донесе одлука тоа да се реализира најбрзо што може – појасни министерот.