САД собори неидентификуван објект над Алјаска

by Фокус

Неидентификуван објект на голема надморска височина е соборен над Алјаска, соопшти Белата куќа.

Соборувањето се случува неколку дена откако американската војска собори кинески шпионски балон над Атлантскиот Океан.

-Можам да потврдам дека Министерството за одбрана во последните 24 часа следеше објект на голема надморска височина над воздушниот простор на Алјаска. Објектот леташе на 40.000 стапки и претставуваше закана за безбедноста на цивилната авијација – изјави Џон Кирби.

Поврзани новости